Кога Тања Бошковиќ на почетокот од својата кариера во средината на седумдесетите, се качувала по скалите на дубровничкиот Страдун, глумејќи ја Пина во филмот„Окупација во 26 слики“, нејзините колеги Франо Ласиќ и Милан Штрљиќ го губеле здивот. Замислете само што му се случувало на Мија Алексиќ при снимањето на „Човекот со четири нозе“, каде Даша цело време се шетала облечена само во пешкир за бришење раце, или пак на Драган Николиќ во „Балкан експрес“ кој бил принуден токму со Лили да го тамани фашистичкиот окупатор, играјќи го со неа „тангото на смртта“!?
Без сомнение, првиот синоним кога ќе се спомене нејзиното име е – божица на еротиката во југословенската кинематографија.

„Ах, Тања Бошковиќ“ гласеше некогаш консензуалната реакција на спомнувањето на нејзиното име. Денес е во пензија, но глуми со полн здив, силна и самосвесна каква што отсекогаш била. Сјајот во нејзините очи кој некогаш доаѓаше од младоста, денес се раѓа во пронајдениот мир во душата.
Горда е на своите деца, се грижи за родителите чија меѓусебна љубов никогаш не успеала да ја преслика во својот живот, пасионирано прати спорт и навива, готви, прави забави, пуши и… и одамна ѝ е јасно дека на луѓе секогаш ќе им биде полесно да воздивнуваат по некоја своја Тања Бошковиќ отколку да се свртат и вистински да сакаат некого покрај себе.
По долги години, Тања ексклузивно проговоре за македонски медиум, за единствениот естраден магазин Бекстејџ, што имаше да каже можете да погледнете во продолжение:
