Балканленд

Бора Чорба добива свој плоштад во родниот Чачак

Бoра Ѓорѓевиќ, фронтменот на групата „Рибља чорба“, ќе добие плоштад во родниот Чачак.
Имено, тоа ќе биде во голем парк, во населбата Винара каде што е роден и израснат.

Информацијата ја потврди градоначалникот на Чачак, Милун Тодоровиќ.

„Во центарот на градот во голем парк, каде што тој и неговите пријатели почнаа да свиркаат, ќе го носи неговото име еден плоштад. Има и мини сцена, каде што ќе можат да свират млади, се уште не етаблирани бендови од Чачак. Оваа одлука нема да ги чини граѓаните ништо, бидејќи нема промена на податоците во личните документи, во вид на промена на адресата. Тоа ќе се случи многу брзо, додека сè ќе помине низ процедурите на градските служби. Сите бевме особено трогнати од реченицата на Бора на неговиот неодамнешен концерт дека засекогаш ќе се врати на Чачак, на падините на Јелица. И стиховите на неговата нова песна, каде што вели дека неговото тело треба да се врати во Србија, во Чачак, а срцето да остане во Словенија. Затоа плоштадот во паркот ќе го носи неговото име, за идните генерации да знаат дека таков голем музичар ја започна својата кариера токму на тоа место. “ рече градоначалникот на Чачак.

За таа идеја претходно зборуваше и самиот Бора Ѓорѓевиќ.

„Ова признание обично се доделува постхумно, а постхумно не ми значи многу, бидејќи нема да знам. Би сакал да доживеам такво нешто во Чачак. Додуша, имам нешто слично во зоолошката градина во Белград, има патека наречена „Борино Сокаче“.“ – рече Бора.

Идејата за добивање плоштад ја поддржаа и некои музичари од рокенрол сцената.

Можеби ќе ве интересира: