Во прв ред

Патувањето продолжува и тоа од каде што се влечат корените на МИТАН ПРОЕКТ – Битола (Фото)

Како што во минатиот век, Митан чорбаџија од Битола, го започнал своето патување по светот, така и денес, приказната за убавата македонска песна својот пат сега концертно ја започнува од тука.

Најубавите “Македонски Рози”, приказните за љубовта, тагата, радоста, гордоста, Дафина, Елена и многу други ќе ви ги раскажат МИТАН ПРОЕКТ со волшебниот глас на Андријана Јаневска, маестро Дамир Имери, врвните солисти Владимир Крстев и Александар Јовевски, Петар Димовски и Мите Димовски – Митан ќе ви остават спомени кои долго ќе се паметат.

Центар на култура – Битола, сабота 22.04.2023, со почеток во 20 часот.

Влезници ќе бидат пуштени во продажба во Среда на 5-ти Април по промотивна цена од 350 денари на www.mktickets.mk/event/mitan и билетарата во центарот за култура во Битола.

Можеби ќе ве интересира: