Во прв ред

На 21-ви јуни започнува „Битола Отворен Град 2023“

На 21-ви јуни започнува 22-то издание на познатиот фестивал „Битола отворен град“. Централниот настан е голем музички концерт во градскиот парк во Битола на 24-ти јуни (сабота). Повеќе детали за овогодинешното издание и програма ќе има наскоро на социјалните мрежи на МКЦ – Битола.

Минатото фестивалско издание беше посветено на Gen Z. А во музичкиот дел на фестивалот изминатите 20-тина години настапија многу познати изведувачи од регионот како: „Електрични оргазам”, Рамбо Амадеус, „Хладно пиво”, „Партибрејкерс”, „Дубиоза колектив” , „Забрањено пушење“ и многу други.

Можеби ќе ве интересира: