Музика на кирилица

Јана Бурческа има нова песна после 6 години од Евровизија (Видео)

Шест години по учеството на Евросонг, Јана Бурческа ја изненади јавноста со нова песна – темата “Home alone”. Како автори на музиката се потпишуваат Драги Иванов и пејачката, која исто така го напиша текстот за песната. Звукот на „Home alone” е финиширан со мастеринг од германскиот платинест инженер на звук Рој Реклиз. „Home alone“ првпат била промовирана во Шпанија, на евровизиска забава по изборот на шпанскиот евровизиски претставник и оти таа била задоволна од реакциите на публиката.

“Песната се работеше долго време, и е напишана за она што сите го чувствуваме, особено последно време, а тоа е стравот. Пораката е дека на крајот од денот многу полесно ќе ги пребродиме стравовите, отколку да ги прифатиме. Можеби некој ќе се препознае во мојот текст, што ми е и желба. Ова е почеток на поголем проект, а во каква форма ќе се реализира се уште нема да откријам. Инаку, благодрана сум и на целата екипа со која соработував, сите имаа многу трпение и се случи една чудесна размена на енергии”, рече Јана на промоцијата.

Песната доби и видео спот режиран и реализиран од Ѓорги Вацев и како што вели Бурческа “збир на млади ентузијасти и креативци” како дизајнерот Митко Занов, мејкап артистката Ивана Деловска, стилистот Елена Николовска – Social Hair Salon, фотографите Лазар Зафировски и Петар Петковски, а свој автентичен придонес во креативата имаа и Елена Василева, Ангела Димитрова и Димитар Бабков.

Движечка сила зад проектот е реномираната компанија Gulf Macedonia, како Smart Living и KARE Macedonia кои дадоа исклучително значајна поддршка во контекст на сценографијата за видеото.

Бурческа, која во меѓувреме стана мајка и на две деца, вели дека конечно се чувствува подготвено да и се врати на музиката, а до следниот проект останува посветена на поддршка и промоција на своите колеги од сцената преку програмата на Македонската Телевизија.

Jana Burcheska - Home Alone (Official Video)

Можеби ќе ве интересира: