Пејачката и претседател на хуманитарната организација „Проект Среќа“, Кристина Арнаудова, пред неколку години започна емисија „Куќа со Кристина“. Автор и водител на проектот беша таа, а емисијата беше по пример на познатата српска емисија „Са Тамаром у акцији“. Во рамки на проектот се реновираа домови на семејства од социјално ранливи категории. Средствата и материјалите беа обезбедни од донации на поединци и компании.
Ми пишувате дека фали „Проект Куќа со Кристина“. И знам дека фали. Ете може да го работи некој друг. Јас веќе тоа оро не го играм. Ќе му го дадам да го сработи, кој сака ете и со драго срце! Супер приказна која во нашава земја, како и се друго, кое не е криминал и тендери е осудено на пропаст. – вели Кристина.
