MIYATTA ja претставува својата најнова песна, насловена „Ме Боли” а која е музичка соработка со франкофонските побратими од Битола, групата „Фолтин“.
Станува збор за моја авторска француско-македонска шансона, со наш заеднички органски аранжман, снимена во студиото Алшар во Скопје. Пресреќна сум што постојат врвни уметници како што се „Фолтин“, кои веднаш го разбраа музичкиот филм кој го посакував, и создадоа автентична атмосфера поради која оваа песна ќе се смести на листата на препознаени шансони од целиот свет. Песната ќе има и целосна француска верзија со наслов „C’est joli“ а која ќе биде премиерно изведена на TV5 Monde, Француска телевизија која ги подржува франкофоните ширум светот. – вели Мијата.
Видео записот се случи во соработка со Универзитетот Европа Прима, каде магистрант е актерката и сестра на Мијата, Јелена Мијатовиќ. Таа ја направи трансформацијата за потребите на изведбата, додека Бојан Секулоски, професор на истиот универзитет, ги изработи снимањето, фотографијата, колор корекцијата и монтажата .
