Во пресрет на првата полуфинална вечер на Евровизија, која се одржa вечерва во Ливерпул, реномираниот композитор Тончи Хуљиќ објави инструментална верзија на песната „Марија Магдалена“ на која гостува Дорис Драговиќ. Со тоа тој потсети на една од хрватските најуспешни песни кога е Евросонгот во прашање. Дорис Драговиќ ја изведе песната на Тончи Хуљиќ во Израел во 1999 година. Дорис Драговиќ со својот впечатлив изглед предизвика голем интерес кај странските медиуми, а одличната песна и доминантниот настап и го обезбедија високото четврто место.
Денеска Дорис ја изведува оваа песна на секој концерт, а веќе пристигнаа првите пофалби за нејзината инструментална верзија. Тончи Хуљиќ и неговиот оркестар му донесоа нов аутфит на големиот хит и тоа го направија мајсторски по којзнае кој пат. Во спотот заедно со Тончи Хуљиќ и Дорис Драговиќ има и женска вокална група во која пее и Хана Хуљиќ. Спотот го режираше Војан Коцеиќ. По инструменталните верзии на песните „Два пут сан умра“ што Тончи ги напиша за Оливер Драгојевиќ и „Сузе бисерне“ за „Магазин“, ова е трет сингл на Тончи Хуљиќ кој го најавува неговиот нов инструментален албум.
