Поп-ѕвездата Јелена Карлеуша размислува да го откаже објавувањето на нејзиниот албум „Алфа“ кој треба да излезе во август.
Имено, таа се огласи на социјалната мрежа Инстаграм, разочарана од малтретирањето низ кое поминува по гостувањето на Пинк. Јелена во низата објави на споменатата мрежа, меѓу другото нагласи дека повеќе нема да се огласува за работите за кои зборувала во емисијата „Хит твит“, па и после неа.
Се што имав да кажам, кажав. Ќе додадам на крај, срам да ви е. И вие што напаѓате, и вие што молчите и гледате. Нема повеќе да се осврнувам на оваа тема ниту ќе одговарам на јавни напади. искрено размислувам да го откажам објавувањето на албумот „Алфа“. Длабоко сум разочарана како човек, како жена и мајка од омразата во Србија .
