Фестивали

Nina Kravitz e oфицијален хедлајнер на “Skopje Calling 2023”

Можеби нема љубов по клубови и улици, но на 7-ми јули на Стадионот на АРМ ќе ја има во неограничена количина… за сите генерации на урбана публика во Македонија. Авалон Продукција ја претстави ултимативната музичка фрка ова лето во Скопје: SKOPJE CALLING 2023!
“Време е за квалитетна забава во Скопје во оваа чудна година и уште почудно лето кое доаѓа. Сметаме дека нема никаква потреба да давамe епитети за секој од артистите кои се наоѓаат во насловот (во најавата за овој event), како и потреба да објаснуваме: која e и што значи во моментов Nina Kraviz на светската музичка сцена како ултимативен хедлајнер и што значат Laibach, Konstrakta & Zemja Gruva, Buč Kesidi и Nipplepeople во моментов, а и воопшто…затоа што веруваме дека се’ им е јасно на оние на кои им е наменето ова фестивалско издание на Skopje Calling 2023. Исто како што е јасно дека ова е реално единствен голем културен и музички настан ова лето во Скопје!”, порачуваат од авалон.
Влезниците ќе бидат во продажба од среда (7-ми јуни) од 10 часот наутро онлајн на ticketx.mk и ширум продажната мрежа на Авалон низ Македонија по супер популарни цени за ваков квалитетен едновечерен настан, по следните категории: Партер – 1.500 денари, Фан пит – 2.000 денари, ВИП – резервации на [email protected]. На 7 јули ноќта ќе биде долга и полна со љубов и квалитетна музика.

Можеби ќе ве интересира: