Во прв ред

Карлеуша ќе го спасува “Пивофест”?! (Фото)

По минатогодишниот дебакл на некогаш познатиот и најпосетуван Фестивал на пивото и скарата во Прилеп, (дел од изведувачите се уште не се исплатени, новинарите беа игнорирани, а фестивалот беше претворен во приватна забава), годинава Општина Прилеп со се уште “непознатиот”, односно скриен организатор (иако сите знаеме за кого станува збор) ќе го спасуваат и враќаат некогашниот сјај на овој пиво фестивал.

Повторно ќе нагласиме дека готинава немаше ни конкурс ниту пак оглас за транспарентно пријавување на организатор, но затоа пак работата си врви, а општинарите сите не прават мутави?!

Неофицијално музичкиот портал Музика24 дознава дека некогашниот меѓународен фестивал и туристичка атракција во Прилеп годинава ќе го спасува познатата балканска пејачка Јелена Карлеуша. Според советот на град Прилеп на последната седница донесена е одлука “Пивофест 2023” да се одржи на веќе познатата локација, од 13-ти до 16-ти јули во центарот на градот, а за истиот замислете неофицијално, ни повеќе ни помалку ќе бидат потрошени 180.000 илјади евра што народни пари, што пари од “спонзори”.

И додека сите се прашуваат кога и кој се ќе настапи на овогодинешниот “Пивофест”, ние од Музика24 први неофицијално ги објавивме имињата на годинешните учесници: Ефто Пупиновски, Блага Петреска, „Митан проект” заедно со Андријана Јаневска, Каролина Гочева… а од познатите српски музички имиња во игра се баладичниот Владо Ѓоргиев, групата „Црвена Јабука”, а се типувало и на Аца Лукас кое е се уште во игра.

И додека сите мудро молчат, т.н. скриен организатор деновиве доставува летоци низ прилепските кафулиња, гостилници, разно-разните продавници, занаетчиски дуќани, ресторани, пицерии, менувачници, но и на помалите и поголеми комапнии! Им се доставува леток со барање за спонзорство, каде се наведува дека истите би можеле да го финансираат “Пивофест” со сума од 3.000 денари па се 60.000 (илјади) денари. На летокот, со официјален печат и потпис, стои „Здружение – Прв интернационален фестивал за Пиво и скара Пивофест 2003 – Прилеп„. Дали рекетарството е повторно во игра?!

Логото ако не ви е познато е истото од минатата година, а минатата година организатор беше Пеце Стоикоски, па сега видете кој стои зад скриениот организатор на општината со ново отворено здружение. Минатата година тој, односно неговата продукција “Арт10” ги направи сите фрки околу ангажирањето на музичарите, нивно најавување, па одјавување, па исплата, односно неисплата и годинава е награден за сиот тој хаос?! Браво, типично македонски… И покрај сите критики од нас новинарите, од јавноста и сите добронамерници, сите укажувања за неправилностите минатата година, Г-нот Градоначалник Борче Јовчески не ја научи лекцијата и сака истата да му се повтори и годинава. Разно-разни шеми и манипулација се со цел да не си го смени ортакот?! Интересно е дека прилепските општинари се контрадикторни, најпрвин изјавија дека се оградуваат од активната вклученост во организирањето на Пивофестот и нагласуваат дека тие се само поддржувачи на манифестацијата, па спомнаа дека ќе одвојат само еден милион денари пари од буџетот, (од програмата за култура), а од друга страна без да го откријат организаторот се споменуваат суми и до 180.000 илјади евра народни пари.

Во летокот (кој можете да го погледнете погоре) стои дека фестивалот е поддржан од Општина Прилеп, Градоначалникот на Прилеп, Јавните комунални претпријатија и Стопанска комора – Прилеп. И, повторно замислете никој од градските власти не знае кој е организатор на фестивалот, кој е нагласувме 19-ти по ред (затоа што, една година не се одржа поради Ковид пандемијата) така што не е 20-ти јубилеен, како што е наведено во летокот!?!

Три недели пред официјалното стартување на “Пивофест” Општина Прилеп белким ќе смогне сили да ги повика и новинарите на прес-конференција, каде би требало да се дознаат повеќето детали околу овој настан, па очекуваме дури тогаш конечно општинарите да го претстават овогодинешниот организатор на “Пивофест” кој мистериозно се чува како скриен адут. Да не смешно ќе е тажно од Пеце Стоикоски што направија фактор, иако цела прилепска чаршија бруи за неговата непрофесионалност. Ова е еклатантен пример дека власта кај нас никогаш не ја усвојува граѓанската сугестија и дека и понатаму се функционира по принципот “Кучињата лаат – караванот си врви”.

Можеби ќе ве интересира: