Младиот Стефан Ивановски кој ни доаѓа од Битола, неодамна ја сними својата прва песна “Горе-Долу”. Текстот и музиката за песната ги напиша Дарко Јоцковиќ (Шабако), додека Мими Марковски е продуцент. Песната е снимена во познатото “Гимел студио”, додека видео спотот е во режија на Дејан Трајчевски и истот е снимен во Битола.
Како што вели Стефан за музичкиот портал Музика24, тој е млад јутубер кој почнал да снима видеа за YouTube во 2020-та година, за време на коронавирусот, и оттогаш има постигнато голема популарност на неговиот YouTube канал: Stefan Stef. Досега има снимено разно-разни видеа презентирајќи предизвици, како и видеа со познати македонски јавни личности. Се школувал во средното медицинско училиште (фармација), а по завршување на првата година на Славјанскиот Универзитет студиите ги става во мирување и се посветува на YouTube и снимање на видеа.
Талентот за музика го наследил од страна на фамилијата на дедо му кои свиреле на гајда и кларинет. Vojage е неговиот музички избор и идол.
Во продолжение, погледнете го неговиот видео спот за првата песна “Горе Долу”.
