Фестивали

“Only Love Festival” – прв техно фестивал во Струга (Фото)

Како што дознава музичкиот портал Музика24, во Струга е најавеното прво издание на техно фестивалот “Only Love Festival” кој што ќе трае седум дена, а истовремено на едно место ќе ги собере најпопуларните и најбарани DJ-и на македонската публика.

Abdy, Altin Boshnjaku, David Barbera Guel, Filip Ackowski, Jame Zname, Stameni, DJ Oblx, DJ Shabab Khan… се само дел од најавените артисти кои неколку дена ќе бидат во Струга и се дел од програмата на фестивалот.

“Нашите планови се “Only Love Festival” да прерасне во фестивал кој ќе биде претпознатлив белег на македонската урбана и прогресивна сцена и градот Струга. Следајќи ги глобалните светски трендови на целосно музичко доживување се потрудивме да понудиме ексклузивна, квалитетна и фестивалска програма”, вели Филип Ачковски од “Techno Agency”, организатори на фестивалот.

Фестивалската програма ќе се одвива од 27-ми јули до 2-ри август, на неколку локации во Струга.

Почетокот на фестивалот на 27-ми јули е предвиден за 17 часот на летната сцена при Домот на културата, а уште една од локациите каде ќе се одржува фестивалот е “Бисер клуб”. Ќе има и дневни забави на дел од плажите во Струга кои ќе стартуваат во 12 часот напладне, потоа следува вториот дел од програмата од 20 часот до 01 часот по полноќ. Заедничко за сите седум дена е што ноќните забави кои ќе започнуваат во 01 часот па ќе траат се до 06 часот наутро, ќе се одржуваат во “Бисер клуб”.

Можеби ќе ве интересира: