Со свечена академија во Центарот за култура – Битола, вчеравечер Камерниот оркестар на Битола го одбележа својот јубилеј – 10 години од возобновувањето. Историјата на Битолскиот камерен оркестар е повеќе од четири децении, но на 4-ти јули 2013 година по неколку години пауза е одржан првиот концерт на новиот состав на оркестарот.
На свечената академија беше објавено официјализирањето на статусот националана установа на Камерниот оркестар на Битола. Каде од неодамна за директор на националната институција е назначен диригентот Владимир Димовски а сега институцијата има и вработени музичари.
На свеченоста беа доделени плакети и благодарници на повеќе поединци, компании и соработници на оркестарот помеѓу кои Министерството за култура и министерката Бисера К. Стојчевска, Општина Битола и градоначалникот Коњановски, Центарот за култура и директорката Маја Андоновска – Илијевски, основополжниците на оркестарот професорите Кирил Петков и Зоран Маневски, музичари од новиот состав на оркестарот и други заслужни личности. Помеѓу соработниците кои добија признание од оркестарот, беше и единствениот специјализиран македонски музички портал – Музика24.
















