Магазин

Дали знаете… неколку интересни податоци за чоколадото

Чоколадото е една од најомилените слатки на луѓето ширум светот, со своја долга историја… Интернет-страницата „Квиз-клаб“ објави листа историски факти, тривијалности и занимливости околу ова „темно задоволство“.

  • Поголемиот дел од својата историја, чоколадото се консумирало во течна форма, а не како плочки.
  • Чоколадата – оние тврдите – содржат делови од инсекти. Официјално, мерката е најмногу 60 парчиња од инсекти по плочка… Инаку, чоколадото без инсекти во него, не успева во контролата на квалитетот.
  • Првата плочка цврсто чоколадо е произведена 1847 година.
  • Нацистите, во Втората светска војна, еднаш се обиделе да го убијат британскиот премиер Винстон Черчил испраќајќи му плочка чоколадо со експлозив во неа.
  • Темното чоколадо има многу кофеин и од „Кока колата“.
  • Компанијата „Лејс“ еднаш се обиде „да исфрли“ во продажба чоколадиран чипс. Се рекламираше како „солено-сладок“ чипс.
  • Царот на Ацтеките – Монтезума Втори пиел 50 чаши чоколадо секој ден.
  • Ацтеките го користеле чоколадото како платежно средство. Во Ацтечкото Царство откаде што чоколадото и потекнува, роб можел да се купи за 100 зрна какао.
  • Потребни се 400 зрна какао за да се направи една плочка чоколадо.
  • Во 1940-те, стотици деца Канаѓанчиња штрајкувале против покачувањето на цената на чоколадото.
  • Европејците и Американците трошат 90 насто од целото чоколадо во светот.
  • Чоколадото е трипати послатко од црвеното вино. Виното има 200 соединенија за својот вкус, а во чоколадото има дури 600 хемиски состојки.
  • Чоколадото може да има и благ антидепресивен ефект, поради неговото влијание врз ендорфинот.
  • Дрвјата какао живеат 200 години, но можат „да раѓаат“ чоколадо само 25 години од нив.

Можеби ќе ве интересира: