Фестивали

По втор пат во Општина Новаци – Фестивал на жетвата, главна музичка ѕвезда Влатко Лозановски (Фото)

И оваа година, традиционално, по втор пат во Општина Новаци се одржува Фестивалот на жетвата. Но ние како единствен музички портал во Македонија нема овој пат да пишуваме која е целта и зошто се одржува овој фестивал кој што го организира општината, тука ќе дадеме посебно внимание на музичкиот дел на истиот.

Во текот на вчерашниот ден кога и всушност свечено се отвори Фестивалот на жетвата, присутната публика се забавуваше со културно-уметничка програма подготвена од локалните културно уметнички институции, жонглеско шоу со оган, КУД “Новаци”… за на крајот првата фестивалска вечер да заврши со настап на музичките имиња од телевизиската емисија “Мерак Меана”. Публиката се забавуваше со познатите хит рефрени на Блага Петреска, Благоја Грујевски, Марјан Коцев, Душко Ѓеоргиевски, Благица Павловска, Ристо Самарџиев… и многу други музички имиња кои го кренаа расположението како кај присутната публика, така и кај сограѓаните на оваа општина, како и туристите кои деновиве се дел од овој фестивал.

Денес 22.07 кога и завршува овој дводневен Фестивал на жетвата, организаторите најавуваат богата културно-забавна програма со настап на КУД “Новаци”, жонглерското шоу со оган, кловн и балерина за најмалите, доделување на благодарници и признанија, за вечерта да заврши со голем концерт на македонската музичка ѕвезда Влатко Лозаноски кој на големата сцена ќе се појави во 22 часот.

Точно на полноќ на сцената ќе се појави “К4 Бенд” со што и всушност официјално ќе заврши овогодинешното издание на Фестивалот на жетвата во Општина Новаци.

Доколку сте дел од оваа македонска општина или патот Ве носи натаму, уживајте во културно-уметничката и забавна програма која и денес започнува во 18 часот.

Можеби ќе ве интересира: