Поранешниот тапанар Тихомир Филеш основал нов бенд со името „Прљаво казалиште“. Освен Филеш во тој состав се Даворин Боговиќ и Ален Краљиќ, поранешен член на Пипс.
На 29 јули минатата година, Стопанскиот суд одлучи на Јасенко Хоура и Младен Бодалец да им биде укината времената мерка и да им биде дозволено да настапуваат под името „Прљаво казалиште“.
Судскиот спор продолжува, но тоа нема врска со ова. Моментално сме четворица во тимот. Боговиќ и јас како основачи на „прљаво казалиште“, Ален Краљиќ, поранешен член на „Пипс“ и мислам дека ќе ни се придружи Нинослав Храстек, но повеќе за тоа подоцна. тоа е сржта на „Казалиште“. – рече Филеш.
Јасенко Хора беше вознемирен поради оваа информација
Ниту можам да ги слушнам, ниту да разговарам со нив, нема што да одговорам. Не разговараат со мене за тоа и не знам ни што да кажам. – изјави Хоура.
Хоура и Бодалец снимаат нов албум по 10 години, ќе биде полн со носталгија и пцости.
Филеш наведува дека се сретнал со Хоура.
Колку што можам да видам во весниците, на Хоура не му пречи, не гледа проблем во постоењето на два бенда „Прљаво казалиште“. Никој никому не пречи и среќен сум поради тоа. Се сретнавме официјално, не разговаравме за плановите, но во моментов тоа никому не му пречи. – изјави Филеш.
