Во прв ред

Голем концерт на „Дивље јагоде“ и Игор Џамбазов со „Гуру Харе бенд“ во Битола

Легендарните „Дивље јагоде“ и македонскиот блуз тандем Игор Џамбазов и Гуру Харе Бенд на 16-ти август со голем концерт на Ракометното игралиште!!!

Следува уште еден жесток концерт на Јагоде кои и после 45 години со ист жар ги изведуваат своите незаборавни хитови и ги полнат најголемите концертни простори низ регионот. Истата вечер на иста сцена концертно ќе ги прославиме 60-те години на Игор Џамбазов и „Првите триесет“ со неговиот вечен блуз-сопатник Гуру Харе. А уште еден повод за славење е и 4-тиот роденден на Сцена продукција.

Концерт со толку легенди во една вечер и на иста сцена е прилика која не смеете да ја пропуштите! Интересот е очекувано огромен па затоа бидете брзи и набавете влезници во промотивен период до 10.08 по цена од 600 денари во Dimpo Tobacco , Книжарница Литература, Tobacco Brothers и продажната мрежа на mktickets.mk.

Можеби ќе ве интересира: