Музика на кирилица

Почина познатата македонската пејачка и докторка Марија Бунда – девојка која активно ја подигнуваше свеста за ракот на дојка и самопрегледувањето (Фото+Видео)

За жал, почина познатата македонска пејачка и докторка Марија Бунда Калпак која ја изгуби битката со ракот на дојка.

Таа беше инспиративната македонска докторка во изминатите години и често ја споделуваше својата приказна за да ја подигне свеста за ракот на дојка и важноста на самопрегледувањето.

„Ракот не бира пол, години и време“ – пишуваше таа на своите профили.

Во 2021 година, Марија сподели дека дијагнозата ја добила на 28-годишна возраст и оттогаш наваму редовно повикуваше жените да се самопрегледуваат, а по 40-та година да одат на скрининг со мамографија.

Инаку, Марија беше позната македонска пејачка која отпеа неколку познати македонски песни. Настапуваше на речиси сите македонски музички фестивали, меѓу кои ќе ги споменеме “Канео Фест”, “Охрид Фест”, како и на “Макфест” каде во 2013-та година ја освои втората награда од публика со композицијата “Не ме познаваш”.

Marija Bunda - Ne me poznavaš LIVE (Šibenik 2014)
Marija Bunda - Neka gori (SOS) ( Ohrid Fest 2015 )

“Нека гори” е композиција која што е снимена и продуцирана од страна на нејзиниот ментор и музички учител, пријател и многу добар соработник Горан Милошески, со која што таа настапи на “Охрид Фест” во 2015-та година, песна која ја доби наградата за најдобар аранжман. Милошески вознемирен од информацијата се согласи да даде изјава за музичкиот портал Музика24, во разговор со нашата екипа меѓудругото кажа дека бил многу добар пријател со Марија, како и со нејзините родители.

“Марија беше ретко амбициозна девојка, моја сограѓанка од Прилеп која што многу ја сакаше музиката и медицината. Сакаше да научи одлично да пее и беше мој чест гостин во моето студио “Кактус” каде имаме разговарано, и снимено многу заеднички проекти. За неа сите беа луѓе, сите ги сакаше и ги гледаше со одредена позитивност. Во тоа време многу се дружеше со Борис Цветановски, сега познат како Ris Flower. Тогаш го завршивме и неговиот прв студиски албум и беа многу добри другари. Често пати знаеше да настапи на неговите свирки. И двајцата беа многу добри другари, тие беа мои ученици, а освен музиката и двајцата ја сакаа медицината. Борис студираше стоматологија, а Марија општа медицина. Премногу ми е жал што вака и на овој начин заврши нејзиниот живот, а беше навистина голем борец кој го сакаше животот и луѓето”, изјави за Музика24 Горан Милошески, нејзин ментор, учител, соработник и добар пријател.

Марија беше сопруга и мајка на две преубави девојчиња. Таа засекогаш ќе остане во нашите сеќавања како една од најдобрите во музичкиот свет, а и по одличните мотивациони видеа кои што често знаеше да ги сподели на својот Инстаграм профил.

Почивај во мир, и нека ти е вечна славата!

Можеби ќе ве интересира: