Во рамките на манифестацијата “Скопје Сквер – плоштад на културата”, во организација на Универзалната сала годинава ќе се одржи вториот “Акустик Сквер Фестивал 2013”, на кој и овој пат ќе настапат млади кантавтори и групи со своја авторска музика изведена на акустични иструменти.
Фестивалот ќе се одржи на 19-ти септември со почеток во 20.30, на сцената “Кутија” во Универзалната сала во Скопје, а доколку временските услови тоа не го дозволат, организаторите велат дека истиот ќе биде поместен во реновираната мала сала на Универзална сала. На распишаниот конкурс за фестивалот на кој учествуваат кантавтори и групи од цела Македонија со свои авторски песни изведени на акустични инструменти се пријавија 20-на учесници од кои селекционата комисија за финалната вечер ги одбра следниве седум изведувачи и групи:
1. “Constant In” – Гевгелија
2. “Рок Банда” – Битола
3. Зоки и Тино
4. Јовица Илиќ квартет – Радовиш
5. “Ние”
6. “Chromatic Point”
7. “DC Squad”
8. Сале и СРВ – Тетово
На финалната вечер на 19-ти организаторот на секој од избраните учесници ќе им даде можност во 10-15 минути да и се претстави на публиката со песни од сопствениот репертоар со што ќе го искажат својот авторски музички и поетски потенцијал. Бидејќи фестивалот годинава има ревијален карактер, отценувањето на квалитетот на учесниците ќе го врши присутната публиката. Организаторот најавува дека е обезбеден настап на некои познати домашни познати домашни фестивали и манифестации и медиумска поддршка за сите учлесници, со можност да посредува при потпишување професионален договор на некои од нив со некоја позната македонска продуценска куќа и воедно да стане нивни ексклузивец. Во соработка со Бугарскиот Културен Центар во Скопје организаторот оваа година обезбеди специјални гости кои ќе се појават на “Акустик Сквер Фестивал 2013”. Овој пат тоа е дуетот Светлана и Атанас Стојанови од Бугарија кои со своите песни ќе ја збогатат фестивалската вечер.

