Премиера

Александар Јовевски и Петар Ренџов го промовираат својот прв студиски албум “Скопски приказни” (Видео)

“Скопски приказни ” е албум кој припаѓа на македонскиот етно звук со надградена хармонска, ритмичка и звучна прогресија. Авторите Петар Ренџов (со досега издадени три етно-џез ЦД-а) и Александар Јовевски, основач и член на етно составот “Монистра” (со издадени 2 албума во етно стил и 2 албума како композитор и аранжер), и со минатогодишно авторско првенче “Од колено на колено” ја започнаа својата приказна. Како автори во овој албум се јавуваат на пет композиции и четири аранжмански преработки на стари македонски песни.

Како вокална солистка се јавува Ивана Стојановска, наградувана со освоено прво место во Босна и Србија, за изведби на македонски традиционални песни. На албумот гостуваат Павел Ренџов – Перкусии и Горан Ѓешовски – Бас.

Со аудио-видео записот “Пролетна Пеперутка” – видео кое го изработи Милчо Узунов и 3Д Проџект студио, авторите заедно ја најавуваат промоцијата на проектот “Скопски Приказни” закажана на 22.08.2023 во Атк клуб со почеток во 20ч.

,,Впечатокот за Пролетната пеперутка ни е важен, со внимание ве молам…” преку смеа кажува нашиот Пепи.

Во продолжение, со задоволство Ви предлагаме да го погледнете видеото за новата и најавна “Пролетна Пеперутка”.

PROLETNA PEPERUTKA

Можеби ќе ве интересира: