Премиера

„Не е до мене“ е најновата песна на Тамара Стојковска (Видео)

Тамара Стојковска во етер ја пушти својата најнова песна ,,Не е до мене”. Тамара е самостоен уметник од Битола и зад себе веќе има 5 песни. Таа заедно со Коста Хаџикојчев се автори на текстот за ,,Не е до мене”, а Каџикојчев беше задолжен и за музиката и аранжманот. Песната ја прати и колоритен спот со повеќе интересни ликови кој е сниман на неколку локации во Битола.

Пораката што ја носи песната ја реализиравме со видео спот и мислам дека успешно ја  доловиме таа позитивна енергија и чувство на слобода кога ќе завршиш токсични другарства, врска со партнер, и навики и сфаќаш дека не си бил/а причината што нешто не функционира. Сме биле сите таму, нели? – вели Стојковска.

Tamara Stojkovska - Ne e do mene (Official Video)

Освен соло кариерата, Тамара е и главен вокал на бендот Funk’d Up со кој е дел од клубската сцена во Македонија веќе неколку години.

Можеби ќе ве интересира: