„Од колено на колено“ e нов музички етно проект (албум) на Александар Јовевски на кој базата е македонскиот фолклор, традиција и идентитет, и е проект од национален интерес за Македонија. Во составот на проектот има повеќе професионални музичари и се застапени народните инструменти: кавал, тамбура, канон, женски вокали, и е збогатено со клавијатури.
На носачот на звук „Од колено на колено“ се застапени обработки на стари македонски изворни, но и авторска музика, творена во духот на македонската традиција но со нов музички израз по кој е препознатлив мултиинструменталистот, композитор, аранжер и автор Александар Јовевски.

Покрај тоа што е музички лидер на етно составот „Монистра“ и е дел од речиси сите етно проекти во државата. Александар Јовевски со овој нов проект „Од колено на колено“, допринесува со уште еден квалитетен музички бисер и музички материјал, за претставување на нашата македонска песна и оро во државата но и надвор од неа, и претставување на народните инструменти кавал, тамбура, канон.
На концертот ќе има специјални гости а тоа се Етно составот „Монистра“, еден од најетаблираните етно групи во Македонија, амбасадор на македонската етно музика како во државата така и во Светот и гудачки квартет.
„Повелете на 19-ти септември во Македонска филхармонија со почеток во 20 часот заедно да уживаме во македонската музика создадена од виртуозот Александар Јовевски и „Од колено на колено“ да си ја зачуваме македонската традиција и култура“, вели организаторот на концертот.
Билети за концертот може да обезбедите онлајн преку продажната мрежа на Купи Карти За Се, www.kupikartizase.com.
