Борче Панов, младиот и веќе докажан DJ од Штип повторно ја изненадува македонската и светска публика со нова трака. Овој пат станува збор за преработка на народната песна во изведба на групата “Баклава” – “Ој, девојче”. Борче навистина ја завршил одлично работата, а како звучи преработката на македонската народна песна “Ој, девојче” слушнете во продолжение. Наскоро истата ќе можете слободно да ја данлодирате од официјалната страна на Борче Панов на Soundcloud.
Подготви: Марија Поповска
