Македонската поп дива Калиопи продолжува со најавите за концерти низ целиот регион. После најавените концерти во Сараево и Белград, Калиопи пред сараевскиот концерт ќе одржи концерт и во Бијелина, БиХ.

Концертот е закажан за 20-ти октомври во културниот центар „Семберија“. Таа на 23-ти октомври ќе одржи концерт во Домот на младите во Сараево, а на 4-ти ноември во МТС дворана (Дом на синдикатите) во Белград.
