Музика на кирилица

„Кад осване“ – наскоро нов сингл на Калиопи (Видео)

После редицата концерти низ целиот регион кој Калиопи ги најави за октомври и ноември, денеска таа најави и ново музичко парче. Таа на социјалните мрежи објави краток тизер за новиот сингл „Кад осване“ кој наскоро треба да излезе во етерот. И овој сингл е снимен на српско-хрватски јазик и е наменет за регионалната публика.

За потсетување последен музички новитет што чувме од Калиопи е дуетот со Жељко Самарџиќ, „Знам“. Овој месец таа има закажано 4 концерти во БиХ и тоа во: Сараево, Бијелина, Грачаница и Зеница. А во ноември ќе одржи голем концерт во Белград.

Можеби ќе ве интересира: