Балканленд

24 Промо: Емилија – “Оставаш сам” (Видео)

По песните “Кукла”, “Ти си ми”, “Ако си ѕвезда” и двете македонски песни “Сине” и “Украдено срце”, познатате пејачка од Payner Емилија продолжува со разновидноста и изненадувањата во свој својствен стил и денес на Музика24 ја промовираме нејзината нова песна “Оставаш сам” (Остануваш сам), а воедно и нов видео спот за истата кој што е во продукција на бугарската ТВ Планета, а истиот веќе се наоѓа на официјалниот YouTube канал на телевизијата.

Музиката и аражманот за оваа песна ги подготви Даниел Ганев, додека пак текстот е на пејачката Емилија. Освен различниот звук, тимот на пејачката се потруди и околу видеото кое е многу поразлично за разлика од оние досега и истото беше снимано во Софија во Студентскиот град.

По неколкуте успешни фото-сесии за брендот “Vincit”, очекувано беше за нејзината гардероба да се погрижи Весела Тотева-Топузакова. Младата дизајнерка не само што се погрижи за нејзината гардероба во видеото, едноставно таа се погрижи за вкупниот изгледот на пејачката. Во реализацијата на интересните и иновативни идеи на Весела се придружија и Кирил Чаљков и Венелин Кондаков односно тие беа “виновни” за стајллингот и мајкапот на Емилија во спотот. А довербата за снимањето на видео спотот му беше доверена на познатиот бугарски режисер Јордан Петков, кој досега со пејачка има соработувано на неколку наврати во минатото и кој и покрај променливото време направи навистина одлично видео.

Emilia Payner ProductionЕмилија во идниот период, освен договорените настапи и средби со фановите, не престанува да работи и изненадува. Таа подготвува неколку музички проекти – албум со фолк музика, дуетска песна… Во продолжение слушенте ја новата песна “Оставаш сам” (Остануваш сам), а воедно погледнете го новото видео кое денес само за Вас во соработка со ТВ Планета, Музика24 ви го промовира. Уживајте!

Подготви: Марија Поповска

Можеби ќе ве интересира: