Магазин

Бомбакис го напиша најубавиот картон (Фото)

Нашиот соработник и добар пријател Кристијан Станковски во јавноста познат како Бомбакис, човекот со картоните и еден од најпознатите македонски инфлуенсери во текот на вчерашниот ден го напиша можеби најубавиот картон досега. Тој вчера стана татко на малата Бисера.

Како што неодамна откри во новогодишното интервју за Музика24, 2023-та година ќе ја памети по многу убави и позитивни нешта вклучувајќи ја свадбата која беше една од најголемите и најдобрите и по тоа го очекува своето новороденче.

Нека е жива и здрава малата Бисера и секогаш да биде среќна и весела со мама и тато.

Можеби ќе ве интересира: