По неколку години пауза, познатиот рок пејач Бени Шаќири заедно со неговата “Нон Стоп” Ви најавуваат нова песна која ќе биде промовирана во понеделник, односно на 14-ти овој месец. Во промо видеото кое што е пуштено на музичкиот интернет канал You Tube, накратко може да се слушне како звучи новата песна “Љубов” за која што Бени ќе промовира и видео спот. Бени по издавањето на последниот албум “Лектира” направи пауза, по што конечно се враќа на македонската музичка сцена со нешто ново.
Подготви: Викторија Трајковска
