Како што дознава музичкиот портал Музика24, познатата и легендарна група од екс Југославија, „Нови фосили“, заедно со популарната и позната Сања Долежал, наскоро ќе одржат голем солистички концерт во Скопје после многу години пауза и настапи во Македонија.
Додека пејачката Долежал ужива во прошетката во Дубаи и Обединетите Арапски Емирати, ние ексклузивно дознаваме дека во средината на месец март таа заедно со својата група ќе ја полни Македонската филхармонија.
А во меѓувреме, сите Вие кои што сте нивни фанови и кои што ги сакате нивните познати хит песни, имате доволно време да се потсетите на препознатливите рефрени: „За добра стара времена“, „Милена“, „Шути мој дјечачи плави“, „Кошуља плава“, „Још те волим“…
