Уште само еден ден не дели до концертот на најголемата регионална rock and roll ѕвезда, Џибони, кој што е закажан на 17-ти февруари (сабота) во спортскиот центар „Јане Сандански“. Како што велат нашите пријатели и соработници од најдобрата македонска продукција, Авалон продукција, на концертот кој сите со нетрпение го очекуваме, нашиот легендарен гитарист Влатко Стефановски официјално ќе биде гостин, а со тоа, се разбира и негов домаќин, како наш еминентен уметник.

„Концертот слободно може да се нарече ексклузивен, па дури и интимен бидејќи Џибони доаѓа во сала како „Јане Сандански“ после двe распродадени арени во Загреб и две распродадени ,,Штарк” арени во Белград, каде го видоа скоро 80.000 посетители. Додека се’ уште ги има… преостанатите влезници во сите категории се во продажба онлајн на ticketx.mk и во продажната мрежа на ticketx низ Македонија“, велат од Авалон продукција.
„Онако од ока“, за цела Македонија – Џибони во Јане Сандански на 17-ти февруари!
