Фестивали

Baby Lasagna: Победата ќе ја посветам на моето семејство (Фото+Видео)

Baby Lasagna е победник на Дора 2024 и ќе ја претставува Хрватска на натпреварот за песна на Евровизија во Шведска, Малме. Тој со песната “Rim tim tagi dim” доби најмногу гласови од жирито и од публиката во вечерашното големо финале на Дора.

На прес конференцијата која се одржа за новинарите, а истата ХРТ ја пренесуваше на своите YouTube канали, Baby Lasagna прашан кому ќе ја посвети вечерашната победа, тој со солзи во очите и емотивно одговори дека оваа победа ќе ја посвети на своето семејство со кои се уште се нема видено за да ја прослави оваа победа.

„Можна е и промена на самиот настап, на бојата на косата и многу повеќе од тоа“, изјави Baby Lasagna.

Baby Lasagna или Марко Пуришиќ е роден 5 јули 1995-та година. Тој до 2022-та година бил гитарист во хрватскиот рок бенд „Manntra“ која што настапила на Дора во 2029-та година кога и го освоила четвртото место. После напуштањето на групата, истата година, Марко ја започнува својата соло кариера. Тој во текот на минатата 2023-та година го објавува својот прв сингл „IG Boy“ под псевдонимот Baby Lasagna. Неколку месеци по објавување на својот прв деби сингл, тој ја објавува и својата втора песна “Don’t Hate Yourself, But Don’t Love Yourself Too Much”. А кон почетокот на оваа 2024-та година е најавен и претставен како учесник на овогодинешното 25-то издание на Дора каде всушност Хрватска ги одбира и своите евровизиски претставници.

Baby Lasagna - Rim Tim Tagi Dim | Dora 2024. pobjednički nastup

Можеби ќе ве интересира: