Во прв ред

Заврши 32-от “Скопски џез фестивал”

Вчера вечер со настапот на парискиот трубач од либанско потекло Ибрахим Малуф и легендарниот басист Дејв Холанд, во Универзалната сала заврши овогодинешното 32-ро издание на “Скопскиот џез фестивал”. На вчерашната последна прес конференција освен што беа поделени впечатоците од овогодишното џез издание, уметничкиот директор на “Скопскиот џез фестивал” Оливер Белопета го најави неговото полекување од оваа функција која што тој ја вршеше со години.

“Ја користам вечерва да ви соопштам дека на местото уметнички директор на “Скопскиот џез фестивал” ќе има ново име од странство. Јас не заминувам целосно од фестивалот, ќе бидам постојано тука некаде во уредувањето на програмата, но сепак тоа ќе го прави новиот уметнички директор. Неговото име ќе го дознаете наскоро”, изјави Белопета на последната прес конференција од годинешното издание на фестивалот.

Освен веќе споменатите музички имиња кои настапија на сцената на Универзална, во рамките на полноќните концерти во “Сити Хол Центарот” вчера вечер настапија прогресивниот трубач и композитор Роб Мазурек и “Сао Паоло андерграунд”.

Подготви: Марија Поповска

Можеби ќе ве интересира: