„Фанк шуи“ ќе настапи на годинашното издание на Егзит во Нови Сад, еден од најголемите музички фестивали во Европа. Скопската рок група засега е единствениот потврден учесник од Македонија.
„Фанк шуи“ ќе свири на 14-ти јули на бината „Виза фјужн“.
Егзит оваа година ќе се одржува од 10-ти до 14-ти јули. Меѓу големите имиња кои ќе настапат се „Блек ајд пис“, Карл Кокс, Том Морело, „Кавалера“, Бонобо, „Експлоитед“, Блек Кофи и Гучи Мејн.
