Нашата некогаш позната пејачка Ноне Неделковска повторно не изненадува со своите фотографии. Да не бидеме погрешно сфатени, Ноне веќе подолг временски период работи и патува истовремено на брод, нешто што младите во Македонија почесто го прават. Ноне овој пат на својот фејсбук профил објави фотографии со момчето со кое што почесто можеме да ја видиме на објавените фотографии, а овој пат фотографиите се од турска бања.
Според означувањата на Ноне, се гледа дека тие пред извесен период поминале низ Турција, Кушадаси, па во таа прилика нормално си дозволиле мала забава и задоволство. Секоја чест!
Подготви: Катерина Митровска
