Премиера

„Нашата песна“ – нова „ретро“ балада на Александра Јанева и Тајзи (Видео)

На музика, аранжман, микс, мастеринг и рекординг на Лазар Цветковски (LCV Studio) и текст на Тајзи, денес македонскит етер е побогат за уште една интересна, певлива и летна македонска поп балада во изведба на Александра Јанева и Тајзи.

„Нашата песна“ е насловена оваа композиција која од прво слушање ќе ве наврати кон крајот на 90-те – почетоците на 2000-та година. Чудна, но сепак интересна балада – би ја карактеризирале оваа композиција која веруваме ќе биде дел од Вашето секојдневие.

Видеото пак за истата е на познатиот Даниел Јовески (Sustain Production) кој го доловува токму она што е преставено во него – спој на модерната технологија и иднината и минатото и она без кое што и денес речиси никој не е имун и не може… музиката и емоциите.

Со задоволство во продолжение Ви предлагаме да го погледнете видеото за „Нашата песна“, и истовремено да ја слушнете истата и да ги почувствувате оние емоции кои секој би ги почувствувал од прво слушање.

Уживајте!

Aleksandra Janeva feat. Tyzee - Nasata pesna (Official video)

Можеби ќе ве интересира: