Магазин

Поставена џиновска гитара среде Охридско езеро – Лени Кравиц ги изненади охриѓани

На две недели пред концертот на Кравиц во Охрид на СРЦ „Билјанини Извори“, тој и неговиот тим во Македонија реши да ги изненади охриѓани. После сите светски метрополи, како ЊуЈорк, Лондон, Париз, Лос Анџелес, Лени Кравиц реши својата гитара да ја постави и сред нашата убава природна убавина – Охридското Езеро.

Како дел од европската турнеја ,,Blue Electric Light” и промоција на истоимениот албум, Лени Кравиц го носи своето спектакуларно show во Охрид на 4-ти август на СРЦ „Билјанини Извори“.

Влезниците се во продажба онлајн на ticketx.mk и во продажната мрежа на ticketx низ Македонија. Организаторите Авалон продукција, велат: „Се гледаме на 4-ти август“.

Можеби ќе ве интересира: