Музика на кирилица

Елена Велевска: Ни се распадна велосипедот за време на снимањето на спотот (Фото)

По кратка пауза кога се во прашање видео спотовите, Елена Велевска на нејзината публика во средината на месец ноември ќе им подари ново видео, овој пат за старогратската песна “Гледај ме гледај, мило либе”.

“Оваа песна досега никој од моите колеги не ја има преработено, па затоа се одлучив да ја направам по мој ќејф, сакав да звучи како во златните времиња за македонската народна песна, за тоа се погрижи групата “Чардак” од Охрид. Знам дека ќе им се допадне на мојата публика. Оваа песна го залужува тоа, а јас и мојот тим се потрудивме да го направиме најдоброто”, ексклузивно откри Велевска за Музика24. За оваа песна Велевска снимаше и видео во режија на нејзината EВ продуккција.

“Пред породувањето со Калија го снимив спотот за песната “Невеста” со која го постигнав тоа кое го сакав, благодарение на таа песна летово кое измина јас пеев на многу свадби, на многу свадби првиот танц беше заменет со “Невеста” што ме направи многу среќна, е сега е време за нешто ново. Јас никогаш не сум ја запоставила старогратската песна, овој пат изборот падна на оваа песна, видеото е снимано во Охрид, во близина на Св.Стефан. Сценариото си го направи самата песна, сакам да му се заблагодарам на бодибилдерот Гоце Мојсовски кој одлично се снајде, ова ни е втор заеднички спот. Снимањето помина одлично, не би сакала многу да откријам за видеото, но навистина имаше многу интересни случки. За потребите на ова видео потребен беше велосипед, тимот на ЕВ продукција се потруди да најде велосипед кој беше пред распаѓање, имаше сцена во која моравме двајцата да бидеме на велосипед, но кратко траеше тоа, бидејќи велосипедот се распадна, а ние паднавме, јас повеќе не се качив на велосипедот”, додава Велевска.

Настапот на фолк фест “Роса” кој ќе се одржи на 29-ти ноември е следно од Елена каде ќе ја промовира нејзината нова песна, а автор на песната е Артан Кастрати. Во продолжение погледнете ја малата фото сесија која што се случуваше за време на снимањето на спотот.

Фотографија од снимањето на новиот видео спот на Елена Велевска Фотографија од снимањето на новиот видео спот на Елена Велевска Фотографија од снимањето на новиот видео спот на Елена Велевска Фотографија од снимањето на новиот видео спот на Елена Велевска Фотографија од снимањето на новиот видео спот на Елена Велевска Фотографија од снимањето на новиот видео спот на Елена ВелевскаПодготви: Редакција Музика24

Фотографии: 2S Studio

Можеби ќе ве интересира: