Националната и државна црногорска телевизија (РТЦГ) објави правилник за конкурсот за „Монтесонг“ и со тоа го потврди големото враќање на Црна Гора на евровизиската сцена во 2025-та година. Се очекува ова натпреварување да биде национално финале на Црна Гора за Избор на песна за Евровизија 2025.
Документот ги потврдува сите правила што уметниците мора да ги почитуваат за да учествуваат на „Монтесонг“ оваа година. Сите песни мора да бидат испратени до 1 октомври 2024-та година. Секоја песна мора да биде најмалку 51% или повеќе од половина на еден од официјалните јазици на Црна Гора. Секој уметнок кој сака да настапува мора да има црногорско државјанство. Потоа следува работа на комисија формирана од радиодифузерот која ќе ги разгледа пријавените и ќе избере најмногу 16 песни за конкурсот.
Секоја песна ќе се отценува со систем на бодови, со што се даваат максимум 50 поени за композиција, 30 поени за текст и 20 поени за продукција. Тоа значи дека секоја песна може да освои најмногу 100 поени.
Сепак, песните мора да освојат најмалку 75 поени од овој процес за да стигнат до фазата на натпреварување. И ако ниту една песна не го достигне овој праг, документот на РТЦГ потврдува дека радиодифузерот има право внатрешно да ја избере песната за Евросонг 2025-та година.
„Монтесонг 2024“ се уште нема потврден датум, но името сугерира дека настанот ќе се одржи пред крајот на оваа година. Со тоа Црна Гора би била една од првите земји која би избрала свој претставник за Избор за песна на Евровизија следната 2025-та година.
