Како што неодамна објави Стефан Лазаров, на најпознатиот македонски естраден и таблоиден новинар Зоран Василевски – Зоки Фаци му е потребна нашата помош. Тој треба да оди на операција во странство поради отстранување на канцерот кој што го има на ногата. Зоки Фаци веќе еднаш беше победник и канцерот успешно беше победен и отстранет, но за жал, неодамна истиот се врати.
Сега Василевски треба да оди на операција во странство со комплетни третмани за отстранување на канцерот за која што се потребни 15.000 илјади евра.
Благодарение на хуманите луѓе и пријателите на Зоки и Стефан, поголем дел од парите веќе се собрани, но потребни се уште средства. Па затоа сите оние што се во можност да донираат би ги замолиле тоа да го направат на следната жиро сметка: 210501595513764 НЛБ – Тутунска Банка.

