Како круна на ова лето и најдобрите летни концертни журки, но и разладување во се’ уште жешките денови следува уште ден богат музички викенд. И тоа не обичен туку, „Скопје пивски викенд“ (Skopje Beer Weekend), кој ќе се одржи во три вечери на 13-ти, 14-ти и 15-ти септември, на Стадионот на АРМ во Градски парк – Скопје.
Бидете и вие дел од викендот посветен на ладното пиво, вкусната храна и што е најважно, добрата забава со квалитетната музичка програма и понуда која содржи внимателно одбрани изведувачи.
Првата вечер, на 13-ти септември (петок) настапуваат еден од најпопуларните бендови од соседтвото, српските кралеви на концертните журки “Тропико бенд“, најпознатото и најпопуларно македонск ар ен би дуо заедно со својата повеќечлена придружна група во живо – скопските ар ен би волшебници ДНК и македонската „Ѕвезда на Гранд“, атрактивната, сексапилна и заводлива убавица Андријана Петрушовска.

Втората вечер, на 14-ти септември (сабота) ќе настапат: позната српска фолк ѕвезда, автор и популерн пејач чии хитови со години сите ги пејат Пеѓа Меденица, најпознатата македонска поп-реге-ска група, чии концертни журки исполнети со нивните хитови долго се паметата – „Суперхикс“ и двојната макфестовска победничка Бојана Скендеровски.

И конечно последната и трета вечер на 15-ти септември (недела) на годинешниов „Skopje Beer Weekend“ ќе го затворат: емотивецот чии срцепарателни песни го допираат сечие срце, галат и разнежнуваат душата, единствениот Џенан Лончаревиќ, еден од најдобрите македонски фолк пејачи, чии врвни интерпретации на незаборавните фолк бисери сите ги пејат во еден глас, Миле Кузмановски и на крај од вечерта како јаготка на шлагот кога е народната песна во прашање, некрунисаниот принц на македонската народна новосоздадена песна, неприкосновениот Наум Петрески.

Затоа не пропуштајте ја единствената можност да бидете и Вие дел од „Skopje Beer Weekend“ од 13-ти до 15-ти септември 2024, Стадион на АРМ – Градски парк во Скопје.
Со ладно пиво и храната подобро лизга, а песната поубаво звучи!
