Дневниот весник “Вест” во своето денешно печатено и електронско издание пишува за комична ситуација за време на одржувањето на фолк фестивалот “Филиграни” кој што се одржа пред само неколку дена. Имено, во бекстејџот во полуосветлен дел каде што стоеле познатите фолк пејачки Татјана Лазаревска и Даниела Темелковска, биле и неколкумина пејачи што чекале да им дојде редот за настап и во еден момент, кога се свртеле, виделе дека пејачките се по гаќи, по што сите почнале да се смеат. Имало мини-претстава по гаќи, а тоа го потврдија и двете пејачки.
“Паѓавме од смеење, иако до пред тоа бев во паника. Цел ден трчав на фризер, шминкер и дури на крајот купив хулахопки за настапот на фестивалот. Но, кога стигнав зад сцената и кога почнав да се облекувам, сфатив дека хулахопките воопшто не ми одговараат”, изјавила фолкерката Даниела. Таа едноставно само ја замолила својата колешка да и ги позајмни хулахопките што ги носи на себе и така започнала целата драма.
Подготви: Катерина Димиќ
