Музика на кирилица

Заврши јубилејното 20-то издание на “Филиграни 2013” (Фото)

Во средата на 30-ти октомври во Домот на АРМ се одржа јубилејното 20-то издание од интернационалниот фолк фестивал “Филиграни 2013” кој што и оваа година донесе многу квалитетни песни и фолк рефрени кои уште долго време ќе се пеат и паметат. Со преполна сала стартуваше и овогодишното издание на фестивалот, кој со преубавата сценографија и одличната организација од страна на директорот на фестивалот Зоран Десковски слободно може да кажеме дека истиот претставува репер на фолк фестивалите во Македонија, а и надвор од неа.

Како и секоја година, така и оваа заштитното лице на “Филиграни 2013”, а воедно и водител на фестивалот, беше познатата водителка од Македонската телевизија Катерина Стојановска-Десковска која во разговор со Вашиот новинар откри дека по паузата која што ја имаше од редовните тв емисии, повторно се враќа на малите екрани.

Фолк фест "Филиграни 2013"Но да се вратиме на впечатоците од фестивалот. Истиот започна со презентација на 18 нови филигрански песни, а огромен аплауз донесоа и веќе отпеаните песни на овој на далеку познат фестивал, песни испеани од прекрасните грла на Војо Стојановски, Блага Петревска, Ибуш Ибраимовски, Маријан Коцев, Благица Хаџи Павловска, Зоран Дамјанов, Влатко Вучков, Јадранка Тушевска и Валандовските свадбари, Група Џумбуш и победникот на “Пирин фолк 2013” Велизар Илиев.

Како најслушана песна помеѓу двата фестивали беше прогласена песната “Лична мома македонка” во изведба на Васко Форти, песна со која што стартуваше “Филиграни 2013”. А останатите награди кои беа доделени на 20-то јубилејно филигранско изадние се:

  • Награда за дебитант му припадна на Дамјан Стојановски
  • Награда за текст доби Ристо Вешков за текстот на песната “Песна и оро македонски”
  • Наградата за аранжман му припадна на Јанко Узунов за песната “Судбина”, додека пак
  • Најсвадбарска песна оваа година беше прогласена песната на Татјана Лазаревска “Алал вера свирачи”
  • Награда за најдобра сценски настап доби Велизар Илиев од соседна Бугарија
  • Наградата пак за интерпретација му беше доделена на Петар Нечовски за песната “Мајка”

Фолк фест "Филиграни 2013"Наградите од публика се доделуваа според следниот редослед:

  • 3 награда од публика доби Дафина Димитрова од Бугарија за песната “Мерка ми е”
  • 2 награда од публика доби песната “Не бери гајле” во изведба на Новица Василевски и
  • 1-та награда од публика му беше доделена на Васко Форти за песната “Далеку од очи, далеку од срце”

Наградите од стручното жири, кое пак беше составено од Зоран Десковски – Директор на “Филиграни”, Сања Ѓорѓиевска, Јовица Стојчевски, Тања Крстевска – Магистер по музика и Бранко Николовски – Претседател на советот беа доделени по следниов редослед:

  • 3-та награда од стручното жири ја делеа Жаклина Узунова која ја исполни песната “Судбина” и Вера Трајковска од Австралија која ја отпеа песната “Да живее младоста”,
  • 2 награда од стручното жири им припадна на Јадранка и Ристе Тушевски за песната “Рисјанин се крсти”, додека пак
  • 1-та награда од стручното жири ја добија Даниела Темелковска и Групата Дрим за песната “Наздрави со старо вино”

Гран При наградата во спомен на Гоце Арнаудов ја доби песната “Круна на љубовта” во изведба на Благица Хаџи Павловска и Ѓоко Јовиќ. А Гран При наградата на овогодинешното издание на интернационалниот фолк фест “Филиграни 2013”, отиде во рацете на гостинот од соседна Бугарија Велизар Илиев за песната “Ќеиф на душата”.

Подготви: Катерина Димиќ

Можеби ќе ве интересира: