Градот под Исарот се подготвува за манифестацијата „Штипска пастрамајлијада“, која ќе се одржи на 20-ти и 21-ви септември, овој пат на нова локација. Пастрамајлијадата на која ќе настапат претежно домашни музичари ќе се одржи на култната “Едносмерна“ во центарот на Штип, која се адаптира во шеталиште.
За овогодинешното 16-то издание на „Штипска пастрамајлијада“ се издвоени околу три милиони денари, пари од општинскиот буџет и од спонзори, истакна градоначалникот Јорданов, кој очекува добра забава и многу гости.
Организаторите и годинава очекуваат масовна посетеност, со гости од земјава и странство, а штипскиот бренд ќе се нуди на двесеттина штандови.
На настанот, чија цел е промоција на кулинарскиот бренд на градот, годинава ќе настапат познати македонски и странски изведувачи, а главна музичка ѕвезда ќе биде Петар Грашо.
