Како што пренесува интернет порталот ТВ Пакет, според објавената предлог програма на Македонската Радио и Телевизија за следната 2025-та година очигледно е дека Македонија трета година по ред нема да учестува на Изборот за песна на Евровизија кој што ќе се одржи во Швајцарија. Тие ќе пренесуваат директен телевизиски пренос и од детската и од главната Евровизија, но наш македонски претставник и следната година нема да има.
Како што напоменуваат од ТВ Пакет, во досегашните години кога МРТВ учествувала во предлог програмата точно стоело дека Македонија ќе има свој евровизиски претставник каде точно ја пишувало сумата со која МРТВ ќе учествува и одвојува буџет за учество и пренесување на директниот тв пренос.

За прв пат оваа реченица била извадена во 2023-та година кога и Македонија за прв пат се повлекува од Евровизија. Истата реченица се враќа минатата година, но според дадениот буџет јасно било дека нема ништо од учеството на Евровизија.
Оваа година стои само дека ќе се пренесуваат детската Евровизија и главната Евровизија, но нема објавено буџет за разлика од изминатите години што претпоставуваме дека би значело и неучество на детската Евровизија следната 2025-та година што е во ред, знаејќи дека одговорните кои се задолжени за истата во неколку наврати на наши директни прашања не игнорираат со нивните одговори за кои јавноста е заинтересирана и сака да знае што и како се случува кога станува збор за детската Евровизија.

И додека многу балкански земји се подготвуваат за своето евровизиско учество, Македонија трета година по ред ќе апстинира од учеството на Евровизија, што од една страна е и одлично знаејќи колку скандали не пратеа во минатото и што се се случуваше со нашите претставници на Евровизија.
