Денешниот ден 21 септември 2024 година освен што е препознатлив по големиот православен христијански празник Рожество на Мајка Богородица и почетокот на есента оваа година, на денешен ден пред точно шест години започна со работа Интернационалниот интернет портал за забавни содржини, музика и шоу биз – “Свет Аустралија“.
Како што пишува Главниот и одговорен уредник на овој портал, Раде Берак, овој интернет портал е оформен 2018-та година се со цел да биде “Шоу Биз“ портал кој ќе пишува и известува за македонската, балканска и светска естрада, а потоа и за сите други уметности, спорт, друштвен живот и општо за животот освен за политика и се што е поврзано со неа.
Дали после шест години тие успеаа?!
Дефинитивно ДА. И секоја им чест. Зад себе имаат голем број на интервјуа со познати музички имиња, текстови за познати локални и светски настани, концерти, случувања и што се не што може еден ваков интерент портал да продуцира. Иако започнаа скромно, денес се едни од најчитаните и најпосетувани на балканско и светско ниво, затоа што се едни од првите каде може секој да се информира кога станува збор за естрадата и се што е поврзано со неа, и секако многу повеќе од тоа.

Екипата која е заслужна и шест години секојдневно работи на афирмирање на се она што е интересно и ново е составена од одбрани, селектирани и професионални новинари кои во својата област се вистински професионалци, на чело со Главниот и одговорен уредник Раде Берак. А тука само ќе ги споменеме: Билјана Крнческа – уредник и новинар од Македонија со која нашите новинари од редакцијата Музика24 одлично соработуваат и секаде каде и да има музички настан, фестивал, концерт се дружиме и секако одлично се забавуваме, потоа Славица Момаковиќ која следи, пишува и известува за сите естрадно забавни случувања во Србија, САД и Канада, Слаѓана Бојовиќ новинарка задолжена за Западна Европа и Скандинавија… како и многу други соработници кои секојдневно работат и се грижат за успехот и се она што е денес овој интерет портал.
Ние од Специјализираниот македонски музички портал Музика24.мк од се срце им го честитаме шестиот роденден на нашите колеги и им посакуваме уште мнооогу години прослава, и убаво поминати моменти, како и многу интервјуа, текстови и секако да се едни од најчитаните како во Македонија, така и на европско и светско ниво, иако искрено во тоа не се сомневаме.
