Музичкиот портал Музика24 дознава дека познатата српска и голема турбо фолк ѕвезда Аца Лукас и годинава ќе ја има најголемата журка на Балканот во Скопје. Тој на 25-ти декември во спортската арена „Борис Трајковски“ со почеток во 20:30 часот ќе одржи голем предновогодишен спактакуларен концерт за своите фанови и македонската публика.

Билетите за оваа балканска и најголема журка се веќе пуштени во продажба и тоа по цени од 1.200 денари па се до 2.500 денари. Освен предновогодишна журка, Аца Лукас како што дознаваме во Македонија ќе пее и на 6-ти јануари 2025 година (Бадник) во кафуле во Тетово.
