Како што не информираат од Авалон продукција, популарната и позната македонска пејачка – ексклузивец на Авалон продукција Каролина Гочева, во ноември и декември ќе има концертна турнеја низ неколку градови во Германија.
- Штутгард 23.11.2024 – Osterfeldhalle
- Нирнберг 26.11.2024 Z-BAU
- Дизелдорф 29.11.2024 – Centurium
- Мајнц 01.12.2024 – KUZ Werkhalle
- Хамбург 13.12.2024 – Markthalle
- Берлин 16.12.2024 – Columbia Theater
„Кога е Каролина во прашање нон стоп се трудиме да не одиме под некое ниво. Нас не бараат во нашата дијаспора со 90 % недостоинствени предлози. Се додека не дојде еден одреден момент кога јас проценив дека можат да се изнајмат 7 сали. Верувајте тие простори се како Македонската опера и балет и Македонската филхармонија, и тоа се убавите моменти на 21 век што Вие можете да живеете и во Австалија и во Дортмунд и ја следите Каролина преку нејзината страница што Ви овозможува да не мора да бидете рекламирани во Германија за сето тоа, туку преку Македонија да дојде таа информација до Вас и истовремено да продавате преку Македонија за тоа и толку. Засега оди многу добро благодарение на тоа што Каролина досега не била таму и поради тоа што веќе мислам дека има две генерации на публика. И родителите ја знаат Каролина и децата ја знаат Каролина што е доволно за да има критична маса сето тоа да биде посетено и исплатливо“, изјави за Музика24 Бобан Милошевски од Авалон продукција.

Колку за потсетување, оваа турнеја Каролина ја започна во Скопје, а потоа следеа концерти низ повеќе градови низ Македонија. Влезниците за концертите на Каролина во Германија се веќе пуштени во продажба и истите може да ги набавите по цена од 39 евра.
