Во пресрет на најавениот солистички концерт на двоецот Селимова-Желчевски, на кој ќе биде одбележана 50 годишнината од нивната музичка дејност, од организацијата велат дека билетите за музичкиот спектакл се веќе пуштени во продажба. Влезниците за концертот кој ќе се одржи на 15-ти ноември во Домот на АРМ, се продаваат по цена од 200 денари и може да се набават во Југотон.
Концертот почнува во 20 часот, а на репертоарот освен нивните најголеми хитови ќе бидат ставени и темите кои тие сакаат со задоволство да ги пеат, па така публиката ќе има можност да ги чуе: “Ја излези стара мајко”, “Сношти сакав да ти дојдам”, “Зошто си ме мајко родила”, “Љуби ме, љуби ме”, “Марија, Марија”, “Врати ми се”…
Публиката на сцената освен Кефсер и Ѓорги ќе види уште неколку музички имиња, а секако, дел од музичката дружба ќе бидат членовите на КУД “Орце Николов”, каде поубавата половина од двоецот Кети, како што ја нарекуваат пријателите, всушност и ги имала своите музички почетоци. Јубилејниот концерт е во организација на Министерството за култура, Туристичката агенција “Торија” и К-Тим продукција.
Подготви: Редакција Музика24
