Во прв ред

Откако Теа Таировиќ си најде момче, започна со турнејата и подготвена е за големиот спектакуларен концерт во Скопје (Фото)

Вчера точно напладне во спортската арена „Борис Трајковски“, се оддржа прес-конференција по повод големиот солистички концерт на Теа Таировиќ, во рамки на големата балканска турнеја насловена „Нек гори Балкан“.

Таа македонските новинарите ги удостои со нејзиното присуство и со голем број на новинарски екипи од соседна Србија. Интересно е што тие, нашите колеги од Србија, се толку почитувани и ценети од страна на српските музички имиња, што ова не е прв пат да бидат буквално прошетани до Македонија, а како што и дознавме за време на пресот по истиот тие заедно со Таировиќ организирано се упатиле кон Крушево на прошетка низ градот како и во Музејот и вечното почивалиште на нашиот Тоше Проески.

„Мило ми е што сум со вас тука повторно. Како што претходно во неколку наврати кажав, Македонија е мојата втора куќа. Навистина имам премногу патувано, но тука секогаш со задоволство се враќам и секогаш сум така одлично пречекана од публиката како во најмала рака да сум им некаква роднина. Македонската публика од мене може да го очекува пред се моето срце. Тие многу добро знаат дека го имаат моето срце, ние многу добро се познаваме. Дури и кога настапувам некаде во Европа, поголемиот дел од публиката е македонска така да тие многу добро знаат што значи да си дел и гостин на забавата на Теа Таировиќ“, изјави Таировиќ за време на пресот и додаде:

„Подготвуваме навистина интересни гости за скопскиот концерт, музичката програма ќе биде онаа истата како на белградскиот концерт. Овој проект не е наивен и истиот многу бара како сценски, сценографски, најмногу физичка подготовка, така да ние овој концерт го подготвуваме од септември а нашата турнеја ќе трае до мај сладната година. Јас моментално сум на големи подготовки за концертот во Скопје, така и публиката нека се подготви и нека биде во кондиција затоа што ќе им треба“, додава Таировиќ.

Минатата година токму овој период Таировиќ имаше концерт, но тој беше организиран и одржан во спортската арена „Јане Сандански“, за разлика од годинава кога нејзиниот концерт е во поголема, помоќна и енергетски посилна сала. А таа за сето ова ќе каже дека концертите никогаш ги нема карактеризирано на големи и мали, туку едноставно концерт е концерт. Тоа истото се подразбира и за клубските настапи и за концертите како што сака таа знае да каже: „Јас сум пејачка, не ги бројам луѓето“.

„По овој прес одиме за Крушево да го посетиме родниот град на еден од најдобрите музички имиња на Балканот, Тоше Проески. Досега никогаш порано не сум била и оваа прилика ќе ја искористиме да заминеме и да го посетиме“, кажа Теа Таировиќ.

И за скопскиот концерт кој ќе се оддржи на 30-ти ноември Теа Tаировиќ вели дека е многу тешко да се соберат оние гости кои публиката најмногу сака да ги слуша и со кои воедно има снимено дуетска песна, но сепак, на сцената во Скопје нејзини гости ќе бидат како што вели таа самата, со првиот гостин има малку постар дует, додека пак со вториот гостин има заедничка песна која таа ја има обработено и е од 2000-та па наваму.

А на прашањата на редакцијата на музичкиот портал Музика24 дали концертот во Скопје ќе биде индентично ист како оној во Белград, дали Теа до сега има вкусено македонска храна и која е нејзината омилена и дали и се исполни новогодишната желба – дали има момче таа ни го одговори следното:

„Програмата е секогаш иста, но секогаш има некои непредидени ситуации кои не ги знаеме, поготово во Македонија каде се случуваат чудни ситуации кои всушност ја прават магијата помеѓу мене и публиката, тоа го очекувам и сега, секако. Што се однесува до храната јас сепак го сакам македонското бело вино, тоа во неколку наврати и порано го имам кажано. Инаку, во Македонија ја имам пробано најлутата пиперка која воопшто некогаш јас ја имам вкусено. Инаку сум голем љубител на лутото, но кога ја пробав мене ушите ми се зацвренија. Така да што се однесува пак до храната ќе кажам љубител сум на пиперката и на гравчето. А дали ми се оствари новогодишната желба… па сите знаат дека таа ми е веже остварена“.

Останува само да бидеме трпеливи и да го погледнеме долго најавуваниот спектакуларен концерт на Теа Таировиќ кој што ќе се одржи на 30-ти ноември во спортската арена „Борис Трајковски“.

Можеби ќе ве интересира: